Во просториите на Битолската библиотека се одржа прекрасен книжевен портрет за Јордан Плевнеш, поет, драматург и романсиер, амбасадор на нашата држава во Франција, Португалија и Шпанија.Беседа одржи почитувана проф. д-р Кристина Николовска. Почитуваната професорка истакна дека е свеченост да се беседи за великанот Јордан Плевнеш.
-Свеченост е да се слави грандиозникот на големиот македонски духовен и твроречки подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта и јазикот ни ги воскрена на највисоко, рече Николовска, која за Плевнеш истакна дека е општественик, дипломат, амбасадор на нашата држава во Франција, Шпанија и Португалија, амбасадор на УНЕСКО, амбасадор на нашата култура, но и амбасадор на арното, убавото, профаното. Афирматор на македонските, семакедонските вистини во светот. Добитник на многу престижни награди.
Плевнеш е жител на светот, кој живее и твори и гласноговори и во Париз и во Скопје, но и низ метрополите на светот, оти каде и да стапне со своите дела – сотворува културни престолнини. Така и од Скопје, Битола и Балканот возвиши светски театарски и уметнички метрополи.
Проф. д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, настанот го направи многу интересен и сите присутни уживаа затоа што Плевнеш одговараше на 10 прашања кои му ги постави професорот Петрески.

Во Библиотеката во Битола, Книжевен портрет на Јордан Плевнеш (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Последен училишен ден за матурантите од Горната Гимназија
- СВР Битола: две приведување за марихуана, два физички напади
- Голд Фелициа со поддршка за прославата на патрониот празник на ОУ „Коле Канински“
- Привремена суспензија за Раководител на сектор во Општина Битола
- Никола со филмско сценарио и со три музики на “Магнолија“ во Битола ја запроси Алвона, а таа кажа ДА (видео + фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота во Битола почнува 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама (фото)
- Градење на мостови на уметност, култура, пријателство и почитување (фотогалерија)
- Градот стана звук: промоција на плочата We Pretend It’s a City Bitola
- Марјан Георгиевски со длабоко емотивна, освестувачка и мотивирачка монодрама го означи „Новото поглавје на Битола“
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)