Press "Enter" to skip to content

Во Битола отворена изложбата “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ и доделени наградите (фотогалерија)

Во НУ Центар за култура во Битола од денеска е отворена традуционалната државна 38. по ред изложба со детски ликовни творби работени на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. По отворањето на изложбата беа доделени наградите на најдобрите училишта, ментори и автори – ученици, меѓу кои и од Битола.Сите учесници ги поздрави Валентин Соклевски кој рече:-Во текот на годините наназад е најстара од овој вид во државата па и пошироко. Изложбата секоја година, чии корени датираат од 1975 години, ја остварува својата мисија, а зададената тема има универзални вредности кои со текот на времето имаат  нова свежина и нови потенцијали. Сите кои и оваа година со ентузијазам му се посветија на народната култура овозможија да се исплати нова порака, од минатото кон иднината. Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола на отворањето на изложбата рече: -Во Центарот за култура се случуваат големи работи кои оставаат голем печат во нашиот град, а една од најзначајните манифестации е токму оваа каде што деца од целата република ни доаѓаат за заедно да ги прославиме и наградиме најмалите уметници. Што би бил Центарот за култура во Битола ако нема идни уметници. Ако го оставиме светот на децата тој ќе биде едно прекрасно магично место, а ако не ми верувате дајтему задача на секое едно дете да твори, да слика, да бои да црта. Оваа детска ликовна изложба ми е посебно драга, затоа што деца од цела земја испраќаат свои мини светови погледнати низ призмата на детското око и срце, а кога темата е традиција, толку повеќе тоа дело и тежи. 547 ученици од разни македонски училишта кои изработија 527 дела и 52 колеции и преку 100 менрори се дел од изложбата.Ликовната изложба ја отвори претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, при што рече:-Таму каде што има деца таму има радост, а мене ми претставува огромно задоволство што денес сум тука по втор пат и што оваа изложба е традиција во Битола и со тоа нашиор град е побогат. Можеме да кажеме дека имаме богатство создадено од рацете на децата. НУ Центар за култура-Битола годинава посебно признание – плакета беше врачена на Панде Петровски за особен придонес во развојот на државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација“. Петровски е вграден во изложбата од самите почетоци и затоа му е доделена плакетата, а рече дека се уште се мотивирани за организирање на изложбата.Организаторот на најуспешните ученици и ликовни педагози им додели награди.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »