Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тепачка на “Смилевски конгрес“, приведени двајца дилери, каснување од куче скитник

На 22.05.2023 во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Смилевски Конгрес“ во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу  две лица на возраст од 39 и 42 години, двајцата од Битола. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2023 на ул. „5“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност ги лишиле од слобода две лица на возраст од 30 и 31 година, двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.05.2023 во СВР Битола, Б.Д. (76) од Битола пријавил дека на ул. „Македонска Фаланга“ во Битола бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »