Press "Enter" to skip to content

“Спортот тоа сме ние“ дел од одбележувањето на патронат на Горната гимназија во Битола (фотогалерија)

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, денес во спортската сала на гимназијата се одржа “Спортот тоа сме ние“ во кој учествуваа, заедно, учениците и професорите.На спортската актовност, која е во организација на Стручниот актив за спорт во Гинмазијата се одржа аеробик, танц, кошарка, ракомет и одбојка, а најмасовен беше аеробикот и танцот кои ги предводеше Христина Ристовска.Утре, нема да има активности поради празникот на Просветителите, Св. Кирил и Методиј“, а во четврток на 22 мај е промоцијата на вториот број на училишниот весник “Нова Веда”, во 18 часот, во “Камарите“. Свечената прослава ќе биде во Центарот за култура на 26 мај, а на неа во 18,30 часот ќе биде отворена изложба на фотографии на ученичката Дамијана Ристевска во холот на Центарот за култура, со наслов “Портрети од Горната“. Потоа во 19 часот е свечена прослава и театарската претстава “Приказни од зад спортската сала“.Вчера, започна одбележувањето на Патрониот празник со активноста “Сподели мудрост“- размена на книги во училишната библиотека. Заедно учениците од сите гимназиски класови, нивни родители и професори го поттикнуваа вонучилишното читање на книги, споделувањето размислувања, кажаа препораки за книгите, разговараа и на крај секој со секој си размена книга што би ја прочитал.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »