Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, денес во спортската сала на гимназијата се одржа “Спортот тоа сме ние“ во кој учествуваа, заедно, учениците и професорите.На спортската актовност, која е во организација на Стручниот актив за спорт во Гинмазијата се одржа аеробик, танц, кошарка, ракомет и одбојка, а најмасовен беше аеробикот и танцот кои ги предводеше Христина Ристовска.Утре, нема да има активности поради празникот на Просветителите, Св. Кирил и Методиј“, а во четврток на 22 мај е промоцијата на вториот број на училишниот весник “Нова Веда”, во 18 часот, во “Камарите“. Свечената прослава ќе биде во Центарот за култура на 26 мај, а на неа во 18,30 часот ќе биде отворена изложба на фотографии на ученичката Дамијана Ристевска во холот на Центарот за култура, со наслов “Портрети од Горната“. Потоа во 19 часот е свечена прослава и театарската претстава “Приказни од зад спортската сала“.Вчера, започна одбележувањето на Патрониот празник со активноста “Сподели мудрост“- размена на книги во училишната библиотека. Заедно учениците од сите гимназиски класови, нивни родители и професори го поттикнуваа вонучилишното читање на книги, споделувањето размислувања, кажаа препораки за книгите, разговараа и на крај секој со секој си размена книга што би ја прочитал.
Фото: Дамијана Ристевска