Компанијата “Int Global Engineering“ деновиве свечено ги отвори новите деловни простории во Битола, кои се наоѓаат во станбено деловниот комплекс “Пелагонка 2“, и со тоа се проширува нивниот капацитет, се отвораат можности за нови работни места како и проширување на деловната соработка, штопак ќе придонесе за развој на локалната економија и ќе создаде можности за задржување на младите стручни кадри.
-Високата професионалност, стручност и посветеност на нашите инженери како и компетентноста на менаџерскиот тим, се гаранција за константен квалитет на услугите и задоволство на клиентите, истакнуваат од друштвото “Int Global Engineering“.
Друштвото “Int Global Engineering“ е формирано во 2008 година во Битола, како компанија со основна дејност проектирање и изведба на специјални електротехнички инсталации и инженерско советување. Почетоците се како мало проектантско студио во Битола, со неколкумина вработени. Со текот на работењето и посветеноста на вработените, студиото прераснува во компанија која цврсто стои и високо котира во инженерската областкако во Македонија така и во странство. “Global Engineering“ нуди одлични шанси на младите инженери да се стекнат со работно искуство во областите на проектирање, надзор и ревизијапод менторство на искусни и докажани инженери.
-Од формирањето на “INT Global Engineering“ па до денес континуирано се вложува во развојот на компанијата и нејзините вработени со што прераснуваме во компанија која може во целост да одговори на нај специфичните барања на клиентите, развојот на новите технологии и предизвиците кои ги носи современиот начин на живеење и градење. Нашиот секојдневен стремеж кон подобрување на квалитетот на работата преку високо мотивирани и квалификувани кадри најдобро го отсликува нашето мото, ние проектираме и градиме за иднината – иднината е сега. Бидејќи нашите вработени се нашиот најважен ресурс, тие се одговорни за нашиот успех, ние неуморно работиме за подигнување на стандардите и унапредување на условите за работа.
Со воведувањето на скратена работна недела покрај зголемувањето на продуктивност го зголемивме и задоволството кај наште колеги и колешки. Во оваа насока неколку пати годишно организираме собири, каде што ги каниме вработените со своите семејства, начин на кој градиме цврста врска помеѓу вработените, а нашата компанијата прераснува во едно големо семејство, велат од “Int Global Engineering“.
Во овој момент INT Global Engineering покрај седиштето во Битола има и четири подружници, една Битола, две во Скопје и една во Подгорица, Црна Гора. Компанијата располага со повеќе од 30 вработени, инженери проектанти од сите области на градежништвото, како архитекти, градежни инженери, електро инженери, машински инженери и сообраќајни инженери, како и две електромонтерски групи специјализирани за изведба на специјални електротехнички инсталации како систем сали, дата центри, индустриски инсталации и сл.
INT Global Engineering соработува и одржува долгогодишна успешна деловна соработка со повеќе од дваесет општини и Град Скопје како и со ОБСЕ Мисија во Скопје, М-НАВ АД Скопје, Царинска Управа на РМ, Влада на Република Северна Македонија, Министерство за здравство, Министерство за култура, Министерство за одбрана, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за правда, Лимак, МЗТ Инженеринг Битола, А1 Македонија, Лидл Македонија и ред други значајни домашни и странски инвеститори.
-При градење успешен бизнис и бренд важно е да се нагласи дека секогаш треба да останете верни на вашите вредности и принципи, а при извршувањето на секоја задача да се стремите кон совршеност. Со правилен начин на размислување, поддршка, ентузијазам и ресурси, можно е да се изградат успешни бизниси и да се направи позитивно влијание врз општеството и врзсамите себе!, порачуваат од “Int Global Engineering“.