Press "Enter" to skip to content

Во Битола отворено 42. издание на Малиот Битолски Монмартр

-Гран при која оваа година им припадна на младите ликовни творци од студиото „Simply Art“ од Хонг Конг-Кина.

Синоќа во Старата битолска чаршија, вечерва свечено беше отворено 42. издание на Малиот Битолски Монмартр – светска детска ликовна колонија, со која годинава, кога детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј“, одбележува 55 години од основањето, 41 година од светската детска ликовна изложба и конкурс “Битола”.

Оваа година пристигнаа 44.000 детски ликовни творби од 71 држава кои претставуваат 650 државни и приватни училишта или околу 40.000 млади ликовни уметници од цел свет.-Битола, со своите специфики, култура, историја и традиција, од вечерва во следните 7 дена, повторно ќе биде место во кое убавината на староградската и урбана архитектура, ќе биде инспирација како за домашните млади ликовни уметници, така и за гостите – учесници од 13 земји од светот. Нашиот град продолжува да биде атракција за сите талентирани уметници од различни области од културата, а со тоа да биде и мотив за културно надградување и соработка на младите луѓе кои на овој начин ги градат своите вредности и ги развиваат талентите, афирмирајќи ги своите историски обележја, истовремено разменувајќи искуства и стекнувајќи знаења за културите и историјата на другите народи, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва на свеченото отворање на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ рече дека оваа манифестација е македонски културен и уметнички бренд, кој го негува и промовира космополитскиот дух на Битола.  -И годинава Малиот битолски Монмартр е средиште каде што младите уметници од земјава и од светот, се запознаваат, се дружат, разменуваат искуства, учат едни за други и за земјите од каде што доаѓаат, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека на овој начин „младите ја развиваат љубовта кон уметноста, ги шират идеите за обединост, за пријателство, за надминување и прифаќање на различностите“.

На свеченото отворање беше доделена наградата Гран при која оваа година им припадна на младите ликовни творци од студиото „Simply Art“ од Хонг Конг-Кина, а награди добија и учесници од Индија, Јапонија, Србија, Бугарија, Словачка, Црна Гора, Турција и други држави.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »