Press "Enter" to skip to content

Не пиете вечерва? Поздравете го Gordon’s 0.0%

2023 година ја одбележаа безброј иновации во светот, а една од нив сигурно е и новиот Gordon’s џин без алкохол 0.0% кој пристигна и кај нас.

Компанијата Гемак Трејд која континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и промовирање нови и иновативни производи во FMCG индустријата го донесе и првиот безалкохолен џин во Македонија.

Овој модерен и иновативен производ на љубителите на џин им нуди можност да се напијат џин со вкус на смрека, кој го очекуваат од нивниот Gordon’s во моменти и прилики кога одлучиле да не пијат алкохол а, притоа да уживаат во нивниот омилен Gordon’s & Tonic.

Gordon’s 0.0% е произведен од истите ботанички плодови како и Gordon’s London Dry Gin има само 24 калории во една доза и е одличен избор за оние консументи кои би сакале да имаат понуда и безалкохол од брендовите кои ги познаваат и со кој нема да почувствуваат дека прават компромис кога не пијат алкохол.