Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец дома имал голема количина трамадол и дијазепам, копал гробно место пронашол стара граната

На 23.05.2023 во 10.00 часот во Битола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола бил лишен од слобода 60 годишник од Битола поради тоа што при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени голема количина капсули трамадол и таблети дијазепам. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.212 од КЗ на РСМ.

Денеска (24.05.2023) во 07.20 часот во СВР Битола Г.Т. (43) од село Кукуречани, пријавил дека при копање на гробно место на гробиштата кај “Буковски ливади“ пронашол неексплодирана граната. Гранатата е безбедно подигната од пиротехничар од ДЗС, од кого било добиено известување дека се работи за артилериска граната со калибар 105 мм. од Првата светска војна.

More from ВестиMore posts in Вести »