Press "Enter" to skip to content

Со свечена академија ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола го одбележа 24 Мај Денот на сесловенските просветители (фотогалерија)

-По повод патрониот празник во Офицерскиот дом во Битола се одржа свечена академија на која присуствуваа голем број родители, наставници, ученици, соработници од други институции…

-На свечената академија настапија хорот, ученици од 9 одделение со рецитал за браќата Кирил и Методиј, од 8 одделние имаа настап во ретро стил со кореографија на нумери од култниот мјузикл “Брилјантин“.

-Доделени награди и пофалници на најдобрите ученици.-Денес со свечена академија се заокружуваат активностите за одбележување на патронатот. Патрониот празник на нашето училиште оваа година се одбележа со низа настани и активности во кои  беа вклучени учениците од одделенска и предметна настава во централното и учениците од прво до петто од подрачното училиште село Логоварди. Поетска работилница, литературно читање  на која се врачени наградите од објавените  литературен и ликовен конкурс, спортски натпревари. Ќе ги наградиме најдобрите ученици во нашето училиште кои постинуваа високи резултати во учење и натпревари, рече директорката Жанета Тошеска за да потоа им врачи на неколку врвни ученици пофалници.За првенец на генерација на Андреа Нешковска, пофалени за континуиран одличен успех и успеси на натпревари  се Леонид Јаневски, Михаил Досевски, Ана Ноческа и Марија Котевска, а за спортист на генерацијата е прогласен Христијан Плушковски.

На свечениот настан  присутните проследија програма во која настапија ученици со музички точки на виолина, гитара и кавалче заедно со хорот со наставник по музичко образование Катерина Пејовска. Рецитал за браќата Кирил и Методиј изведоа ученици од 9 одделение со наставник ментор Катерина Маруши.На крај во ретро стил ученици од 8 одделение приредија шоу кое  ги воодушеви присутните. Ученците настапија со музичко танцови теми познати од филмот „Брилјантин“ (1978)  во кореографија на ментор Жанета Ристевска.Програмата ја збогатија учениците Мила Нечовска и Јован Петровски талентирани ученици по музичка уметност со композиции на клавир.На 23 мај претпладне  свечена приредба беше одржана во холот на  училиштето за родители, наставници и ученици подготвена од наставници во одделенска настава од 3, 4 и 5 одделение. Тие  се претставија пред родители и соученици со музички точки, рецитал, танцови  изведби.На свечената академија  тие достојно го претставија училиште кое гордо го носи името на просветителите, а за организирање за сите активностите по повод патрониот празник беше задолжена комисија која ги координираше  сите настани во кои учениците се вклучија максимално. Основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола е едно од најстарите училишта во нашиот град кое постои и работи уште од шесеттите години на 19 век. Низ своето постоење од век и половина ѕидовите на ова учииште се неми сведоци на тоа што се случувало во него и поминало. А низ него поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината. Мнозина од нив станале познати граѓани кои со својата интелектуална, стопанска и општествене дерјност ја задолжиле Битола.

Фото: Дамјана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »