Press "Enter" to skip to content

“Јавен Адвертајзинг“ дел од Глобалниот Инвестициски Самит за иновации и технологија во Абу Даби (фото)

Под покровителство на шеикот H.H Sheikh Khaled bin Mohamed bin Zayed Al Nahyan, престолонаследникот и претседател на Извршниот совет на Абу Даби, се одржа Глобалниот инвестициски самит за иновации и технологија кој беше во времетраење од една недела, а имаше спектакуларен почеток. На истиот присуствуваа претставници од Јавeн Адвертајзинг кои имаа можност да се сретнат со индустриски лидери и иноватори од целиот свет, со цел истражување на врвни светски достигнувања и создавање клучни вмрежувања.

Д-р Ана Ристевска, менаџер на Јавен Адвертајзинг, имаше средба со амбасадорот за вмрежување Dr. Ali Alansari чија  цел беше да се поттикне размената на знаења и технологии кои се применуваат во нашата земја.Самитот броеше над 100.000 учесници кои претставуваат 175 земји кои се здружија на истиот. Агендата можеше да се пофали со импресивен состав од 281 сесија со 693 говорници кои ги споделија своите сознанија и експертиза. Оваа разновидна палета на индустриски професионалци значително придонесе за убедливиот успех на настанот.Јавен Адвертајзинг продолжува да биде во тек со најновите трендови и новите технологии на глобално ниво, осигурувајќи се дека тие обезбедуваат неспоредливи услуги на своите клиенти преку соработки со меѓународните компании и истражувајќи ги иновативните решенија кои ќе ја обликуваат иднината на индустријата.Со обновена инспирација и многу нови вмрежувања, Јавен Адвертајзинг гледа напред кон иднина преполна со бескрајни можности и револуционерни достигнувања.