Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Николче Бабовски избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа 

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90 Генерално Собрание на Делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во Париз, Франција, денес е едногласно избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа кое е надлежно за вкупно 53 држави.
 
На изборот на Бабовски за оваа функција му претходеше едногласна поддршка од страна на сите делегати – членови во регионалното претставништво на WOAH за Европа, што претставува признание за долгогодишните заложби и посветеност на Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Северна Македонија, во насока на креирање ветеринарни политики и имплементација на истите.
 
Изборот на Бабовски на оваа функција претставува природен тек на настаните кој произлегува од неговото активно учество во Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), член на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните, Европската комисија за лигавка и шап, неговата вклученост во управувањето со имплементацијата на меѓународните стандарди на WOAH, но и националните стандарди кои се во согласност со Европската Унија.
More from ВестиMore posts in Вести »