Press "Enter" to skip to content

Отворен младински центар во Битола

Во просториите на МЗ „Вељко Влаховиќ“ во Битола, започна со работа Младинскиот Центар Битола, чија основна задача е поддржување на личниот и социјален развој на младите преку обезбедување организирана и структурирана поддршка насочена кон зајакнување на нивните лични и социјални способности, нивната самодоверба, како и потенцирање на важноста на заедничкото живеење и делување на сите млади во градот.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, истакна дека Младинскиот центар ќе биде место за младите каде што ќе се работи на нивниот личен развој, професионалната надградба, а тука ќе можат да дојдат и до информации кои што ќе бидат од нивен интерес во насока на збогатување на нивниот личен капацитет.-Една од целите на општина Битола, во програмата за спорт и млади за 2023 година, е воспоставување на дијалог помеѓу општината и младите и институционален развој за прашањата поврзани со нив, при што се продлабочува начинот на вклучување на младите во локалната заедница. За таа цел, општината отстапи простор и целосно го финансира работењето на Младинскиот Центар со 600.000 денари за оваа година.Преку јавен повик, објавен од страна на општина Битола, беа избрани младински организации кои ќе раководат со Младинскиот центар, во временски период од пет години. Тоа се три регистрирани организации за млади со седиште во Битола и секоја од нив има своја задача во работењето на Младинскиот центар. Здружението за одржлив развој Сфера Интернешнал Битола ќе ја има организационата поставеност, додека за програмската координација се задолжени ИМКА Битола и Младинскиот културен центар Битола.Општина Битола и преку овој проект, покажува дека една од главните цели и визии во работењето се младите лица и обезбедувањето на нивна иднина овде, во нашиот град. Тоа го покажуваме и преку соработката со Универзитетот, со универзитетската летна пракса која ќе се реализира започнувајќи од ова лето, како и преку работата на Локалниот младински совет, а верувам дека постоењето на Младинскиот центар уште повеќе ќе даде придонес за изразувањето на креативноста и потенцијалите на нашите млади лица, кои се наша иднина“, посочи Коњановски.Младинскиот центар е од отворен тип, што значи дека младите ќе имаат можност во текот на петте работни денови во неделата, да се информираат за сите нивни потреби кај двајцата младински работници.