Press "Enter" to skip to content

Последни подготовки за “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, пријавени за трката на 115 километри топ-тркачи од светски ранг (фото)

Здружението “PELXTR“ од Битола кое е организатор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кој оваа година ќе се одржи од 23 до 25 јуни одржа прес конференција, во Офицерски дом во Битола.На пресот за тоа до каде се подготовките, пријавите и останат зборуваа организаторите, претседателот на здружението Зоран Алексовски рече:-Ние како здружение по втор пат го организираме “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кој ќе се одржи на Пелистер, и на почетотокот сакам подетално да ги започнаа сите за тоа како ќе се одвива овој несекојдневен настан во Битола. На 23 јуни започнуваме со активност на платото пред Офицерски дом каде ќе бидат поделени стартните броеви на учесниците, музички дел и старт на главната трка на 115 километри која ќе стартува во 17 часот, придружувано со културно уметничка програма. Тука ќе бидеме сите да им оддадеме почит за оние кои ќе ја трчаат оваа тешка трка низ нашата планина. Наредниот ден има старт на уште две трки на 54 километри  – “ Битола ултра“и на 23 километри – “Неолица Трајал“  во 8 часот и 11 часот, а стартот ќе биде пред Офицерски дом на двете трки. Планирани се актвности на целта каде во текот на целиот викенд ќе има културно забавна програма во летно-зимскиот центар Ниже Поле и таму ќе бидат пречекани сите тркачи и таму ќе биде доделувањето на наградите.

Алексовски се осврна и подготовките за “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кои се при крај и дека 25 лица кои се вклучени во организацијата заедно со сите спонзори се надеваат дека ќе имаат одлична трка и која ќе привлече голем број на публика, на стартот и целта.-Сакам посебно да ја споменам и детската трка “Трајалко“ за деца од 5 до 10 години, која ќе се одржи во летно-зимскиот центар Ниже Поле, а пријавите веќе се пуштени и има голем број на пријавени деца, кои заедно со родителите и другарите ќе уживаат во оваа прва дестка трка. 

Директорот на трките Ненад Лазиќ прво им се заблагодари не медиумите, волонтерите кои ги има во поголем број оваа година, на помагателите и секако и на спонзорите.-Трките оваа година малку ги имаме променето со цел да се поправиме во некој сегмент за кој ние органиизаторите увидивме некои мали недостатоци. Исто така ја сменивме сатницата на стартот. Најкратката трка има промени во патеката, а по стартот во Битола се трча до Неолица, а потоа целта е Ниже Поле. Сметаме дека ќе биде атрактивно за сите тркачи, како и за битолчани. “Кралската“ диспиплина на 115 километри стартува во петок и таму ќе имаме странски тркачи, а некои од се тука по втор пат, бидејќи како рекоа ова е алпска трка и освен на Алпите ја нема никаде и им чест да ја трчаат. Имаме голема денивелација за што имаме ииценка за најтешка трка, со најголем број поени, што е магнет за тркачите. Затоа имаме пријави од Јапонија, Нов Зеланд, Чиле, Арапските држави, Словенија, Хрватска и секако од Македонија. До крајниот рок се надевам дека ќе има уште пријави. Тука е нашиот сограѓанин Ристо Димитров кој со тим доаѓа од Оман и има амбиции да победи. Иако стартот е по еден месец мисмал дека 10 дена ќе бидеме подготвени за старт на трките. Сакам сите оние кои се двоумам, дека на 23 километри да се пријават  и со наша помош сите ќе ја завршат трката и ќе имаа еден убав спомен од Пелистер, од Битола. Отворени сме за помош од сите кои сакаат да бидат дел од ова планинско трчање да се приклучат. 

Саша Грбиќ, одговорен за патеките и логистика за време на трка истакна дека поради врнежливото време се уште не се излезени на терен како планираа, ни и тоа дека до стартот ќе бидат компетно подготвени.-Со подготовките на патеките започнавме уште по завршувањето на ланската трка и размислувањата беа да додадеме нови патеки и да ја зголемиме километражата и висинската разлика во што и успеавме. Се работи на чистење на нови патеки на Пелистер кои не беа исчистени изминатата година и во насока работиме напорно. Секое убаво време го користиме да можеме да исчистиме и да поставиме маркации, кои ќе бидат во поголем број од лани, а ќе ги има во голем број. Патеките се захтевни, големата трка од 115 километри има висинска разлика од 7.000 метри, а лани беше 5.300 метри, која треба да биде обезбедена и маркирана. За ноќниот дел кој е и најтежок ќе имаме повеќе од 400 маркации кои ќе придонесат за безбедност во 4о километри кои треба да се поминат во текот на ноќта. За денскиот дел на трчањето ќе има 900 маркации со знаменца по сите патеки, се со цел натпреварувачите да бидат безбедни во текот на трката, без разлика дали е ноќе или дење, на кратка или ноќна трка. Ќе има 13 пунктови на кои ќе им понудиме на тркачите храна, вода и електролити, а ќе имаме мобилни екипи и секако екипа за спасување, која ќе интервенира кога доколку не потребно.

Како рекоа организаторите иако ова е втора трка, има голем притисок кај тркачите за освојуваме на медал, кој како велат многу ќе им значи, а нагласија и тоа дека подготовките за престојната трета по ред трка, се започнати и имаат направени контакти и договори за тоа.

Сашо Ристески

More from ВестиMore posts in Вести »