Press "Enter" to skip to content

Се судрија три моторни возила на ул. “Филип Втори Македонски“, четири лица, меѓу кои и дете завршија в болница

На 25.05.2023 во 07.37 часот било пријавено дека во Битола, на ул. “Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила со битолски регистарски ознаки, и тоа: „шкода“, управувана од 18 годишник од Битола, „опел“, управуван од 67) годишник од село Крклино, битолско и „ауди“, управувано од 45 годишни лице од Битола.

Во несреќата, возачот од “аудито“ се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетник од Битола, сопатник во возило „шкода“, како и сопатниците во возилото „ауди“, 44 годишник од село Живојно, битолско и 54 годишник од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »