Press "Enter" to skip to content

Месец мај, меѓународен месец за борба против ракот на кожата

По тој повод се организираше едукативно предавање “Здравјето е важно започнете од Вашата кожа” под покровителство на аптеки “Роса Вита“ и брендот “Vichy“ од веледрогеријата “Septima“. Настанот се одржа во Универзитетската Библиотека “Св.Климент Охридски“ и истиот имаше едукативен карактер за развивање на свеста, начинот, превенција и рана детекција на карцином на кожата.Гости на настанот беа Ивана Јанева – brend менаџер на “Vichy“, Теодора Гудеска- медицински претставник, д-р Наташа Теовска Митревска – дерматовенеролог Ре-Медика, Емилија Никодиноска – дипломиран фармацевт аптека “Роса Вита“.Кога бираме препарат со заштитен фактор, клучна улога игра препораката од лекар и консултацијата со вашиот фармацевт, првично поради тоа што не секоја кожа е иста и постојат посебни состојби на типови на кожа. Во зависност од тоа не случајно имаме различни видови на препарати со различен фактор на заштита, како и различни помошни компоненти, кои што дополнително ќе ја негуваат и штитат Вашата кожа. “Vichy“ е медицинска козметика која има за цел да ја развие свеста за користење на заштитен фактор кој во својот состав има минерални филтри, е без парабен, без конзерванс и без парфем и е наменет за целото семејство.Препораките од дерматовенерологот Др. Наташа Теовска Митревска за заштита од сонце се следните:

-Не се советува изложување на сонце со цел потемнување на кожата односно сончање. Но сепак, ако одлучите да се изложите на сонце тоа треба да го направите постепено (првиот ден само еден час, вториот ден два часа итн.).

-Активностите во природа и на отворено да не се планираат кога сонцето е најјако.

-Да се избегнува сонцето од 10-17 часот. Во тој период од денот задолжително засолнете се под сенка (чадор за сонце, стебло, шатор, куќа)

-Алиштата се најдобра заштита од сонце и истите треба да се направени од лесни, цврсто ткаени ткаенини со светла боја, а ракавите и ногавиците да бидат што подолги.

-Капа со широк обод обезбедува добра заштита од сонца за очите, ушите, лицето, грбот или вратот. Очилата за сонце кои обезбедуваат 99-100 проценти УВ-А и УВ-Б заштита во голема мера ќе го намалат оштетувањето на очите од изложување на сонце.

-Да се користат високо-квалитетни средства за сончање со заштитен фактор (SPF) најмалку 30, со водоотпорна формула. Заштитните средства е потребно да се користат дури и кога се седи на отворено само за кратко време.-Да се избегнуваат солариуми.

-Заштитните средства да се нанесуваат најмалку 30 минути пред изложување на сонце и да се додаваат често (на секои два часа), особено после капење, потење и бришење со крпа.

-Да се нанесуваат на кожата рамномерно и во дебел слој.

-Посебно внимание да се обрне на усните, веѓите и ушките

-Да не се заборави на одбивањето на сончевите зраци од различни површини, снег, вода, песок, бетон и трева и на продирањето на сончевите зраци низ облаците. Заштитните средства треба да се користат и кога времето е облачно.

-Лицата кои спаѓаат во различната група за развој на рак на кожа (на пример луѓе со црвена или светла коса и светла кожа, лица со голем број на бемки, лица кои веќе се лечеле од рак на кожа итн.) би требало изложените делови на кожа да се заштитат со заштитни средства во текот на целата година.

-Родителите посебно мора да внимаваат на правилна заштита на своите деца.