Press "Enter" to skip to content

Нобеловецот Ден Шехтман промовиран во Почесен професор на УКЛО Битола (фотогалерија)

Престижната академска титула Professor Honoris Causa Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола му ја додели на проф. д-р Ден Шехтман од  Израел, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година за откривање на квазикристалите.

На свечената церемонија во Офицерскиот дом во Битола на 27.05.2023 г., ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски му ги врачи на нобеловецот Шехтман инсигниите на Универзитетот – Дипломата и Oдората за Почесен професор. На промоцијата, ректорот Неделковски истакна дека титулата Почесен професор ја добива светски познато име, признато во светот на науката и во меѓународната и развиена универзитетска заедница.Со ова почесно звање Универзитетот ја препознава улогата на науката и особено виталноста на хемијата, којашто зазема централно место помеѓу природните науки заради нејзинито економско значење и заради нејзиното постојано присуство во нашето секојдневие.На свеченоста, за професионалната и сестрана кариера на д-р Шехтман говореше претседателот на Рецензентската комисија, проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, а официјалната одлука на Сенатот на УКЛО за доделување на звањето Почесен професор ја прочита претседателот на Сенатот на Универзитетот, проф. д-р Николче Јанкуловски.На настанот, проф. д-р Ден Шехтман одржа пристапно предавање, при што рече дека најважното нешто за една земја се луѓето и нивната свест.-Она што и треба на Македонија е економски успех што ќе го врати младото население повторно во земјата, Потребни се повеќе инженери и научници, а Универзитетот е местото каде тие се подготвуваат, нагласи д-р Шехтман.На свечената церемонија присуствуваа претставници на академската заедница на УКЛО и личности од општествено-политичкиот и културниот  живот во градот и Републиката.Ова е прв пат нобеловец да биде избран во звање Почесен професор на УКЛО и со тоа да биде дел од Универзитетот.