По офцијалното завршување на годишната ракометна сезона во Битола и по доделување на пехарот за титула на капитенот Мирко Радовиќ во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ракометарите останаа во соблекувалната, во своите простории каде продолжија со славењето.Откако малку ги средија силните впечатоци и емоции заедно со група навивачи продолжија по Широк Сокак до бината која беше поставена на плоштадот “Магнолија“ каде беа пречекани од илјадатина навивачи.
И таму, на бината, со силен аплауз беа наградуван сите ракометари еден по еден, а потоа во чест на ракометарите, сопствениците, тренерите, дитекторот, и сите кои се дел од оваа шампионска екипа, се случи голем зелено-бел огномет.
На присутните им се обратија Гоце Ојлевски, кој има најголем стаж во тимот, и може да се каже дека публиката го доживува како свој сограѓанин, капитенот Мирко Радовиќ кој им се заблагодарија на сите битолчани кои на сите натпревари беа дел од оваа екипа, и дека Битола ја заслужи титулата, која се врати каде и е местото.
Присуттните ги “размрда“ Хосни кој се обие на македонски јазик да каже нешто и беше водач на навивачите кои запееја заедно со него.
На крај заедно со Димитар Андоновски, сите на бината и сите на плоштадот за запеаја “Ако одам во Битола“ химна на навивалите во спортската сала.

Славјето продолжи низ Битола, по Широк Сокак, на “Магнолија“, со огномет, заврши со заедничка изведба на “Ако одам во Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале
- Антоан: со игра како во Битола и со 40 минути борба – ќе славиме и на мајсторката во Скопје
- Павле Петровиќ го нашушта Еурофарм Пелистер, продолжува во Линц, Австрија
- Кадетите на Еурофарм Пелистер во завршницата за титула шампион на Македонија (фотогалерија)