Press "Enter" to skip to content

Титулата по 18 години се врати во Битола, Еурофафм Пелистер е шампион! (видео + фотогалерија)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со убедлив триумф од 35-26 над Тиквеш го заокружија шампионскиот пат во Суперлигата за сезоната 2022/23. Пред полните трибини на салата „Боро Чурлевски“, избраниците на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски рутински го средија ривалот од Кавадарци.Кавадарчани одлично парираа, особено во првото полувреме, имаа во повеќе наврати и водство, а на пауза беше 17:16 во корист на избраниците на Никола Матлиески. Во второто полувреме новите шампиони понесени од публиката, успеаја да го свртат резултатот во своја корист и на крајот да слават триумф.

Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистер бес Ненад Костески со седум гола и Петар Атанасијевиќ со шест гола, додека по четири имаа Пешевски и Хосни.-18 години чекавме на овој прекрасен ден, да го вратиме шампионскиот пехар каде што му е местото. Мислам дека ова е заслуга на целиот тим, стручниот штаб и управата. Самата клупска визија беше најдобра годинава. Во разговори со управата ќе се направи сè за да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите.

Сакаме добро да се претставиме меѓу 16. најдобри во Европа. Сметам дека сега е моментот да удриме добри темели и да го стабилизираме клубот, за уште долго да бидеме шампиони на Македонија“, изјави Јовиќ.

Сепак, скромниот Црногорец оваа победа ја посвети на соиграчите. Радовиќ нагласи дека тимскиот дух е клучниот адут на битолчани во својот поход, а не испушти шанса да ја поздрави и публиката.-Секоја чест на публиката. Чувството да се крене трофејот пред нив е неверојатно. Чест е да се крене трофејот како капитен на Еурофарм Пелистер. Сепак, ние сме сите еднакви, јас се водам како капитен, меѓутоа ова е заслуга на сите соиграчи кои се ѕвезди. Се уморивме доста, имавме подеми и падови, но на крајот успеавме да ја исполниме целта“, изјави Радовиќ. Пелистерци следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

More from ВестиMore posts in Вести »