Press "Enter" to skip to content

25 мај, патрониот празник на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола свечено одбележан (мега фотогалерија)

-Ден на младоста 25 мај – патрониот праник на Горната гимназија од Битола прославен во духот на младоста на сцената на Центарот за култура.  Над 100 учесници во театарско уметнички перфостманс “Приказни од зад спортската“  глумеа, танцуваа, пееја  во придружба на музичари и солисти од бендовите на училиштето.Со свечената приредба која се одржа во Центарот за култура во Битола зарши празнувањето на патрониот празник на Горната Гимназија од Битола, на која на сцената на Големата сала се појавија повеќе од 100 гимназијалци.На почетокот на свечената приредба директорката Лидија Споа  ги поздрави присутните  со зборовите:-Со позитивна возбуда сакам да ви се обратам денес кога нашата Гимназија го прославува својот патрон празник, Денот на младоста!, а и нејзината возбуда не можеше да се скрие пред околу 1.000 просутни кои беа на свечената приредба.-Денес, почитувани колеги и драги ученици, сакам да ви се заблагодарам што сте активни учесници во образовниот систем, па можам да речам дека кога младоста и искуството ќе стапат во симбиоза, резлутатите се неминовни.  Само на тој начин ние стануваме сериозна институција која свесно и совесно ги профилира идните академски граѓани на оваа земја, градителите на поубав и посовремен општествен поредок, одговорни граѓани на оваа држава на која насушно ѝ се потребни: да ја прегрнат со силата на младешкиот креативен порив што го носат со себе, да ја заштитат од силите на уназадување во науката, во уметноста, во политиката.  Затоа, мислечки и слободоумни деца, мислечки и слободоумни професори и родители нам во гимназијата ни се приоритет! , рече директорката и додаде:-Нема да се обидам да го одредувам местото и значењето на историјата во Гимназијата, ниту местото и значењето на Гимназијата во историјата.  За тоа зборува денешнава свеченост во чест на патронатот, денот на младоста.Потоа го покани  градоначалник д-р Тони Коњановски кој се се обрати со зборовите.-На некој начин вечерва се вратив во времето кога бев ученик на оваа Гимназија. Низ клупите на истата поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината. Мнозина од нив станале познати граѓани кои со својата интелектуална, стопанска и општествена деjност ја задолжиле Битола и пошироко.  Меѓу нив и академици во МАНУ. Многу ми е мило што денес гледам ученици мотивирани од своите професори кои ги инспираат и водат за големи дела.Потоа започна програмата во која присутните имаа можност да ја проследат театарско музичката претстава “Приказни од зад спортската сала“ со  “Флеш Моб“, и талентираните музичари од бендовите на гимназијзта.На крај беа доделени пофалници на учениците и менторите професори кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на натпревари, конкурси, проекти. На некој начин заслужни за промоција на гимназијата. Благодарници за соработка им беа доделени на  институции со кои гимназијата “Јосип Броз Тито“ има успешна соработка.Прославата продолжи во Офицерски дом Битола за сите вработени во оваа институција.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »