Денеска во 03.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода две лица на возраст од 22 и 28 години, двајцата од Битола поради тоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (28.05.2023) во временскиот период од 00.00 до 01.30 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена била акциска контрола и во еден угостителски објект во Битола биле затекнати 4 малолетници после 00.00 часот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена прекршочна пријава по чл.21 од ЗППЈРМ.