Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: феномен на идентитет на личност и претставаta за себе на Интернет и социјални мрежи

Социјалните платформи дефинитивно направија револоција во секој аспект во нашите животи. Тие го променија начинот на кој патуваме, нè инспирираат секојдневно и ни отвараат нови можности. Facebook, Instagram и останатите социјални мрежи во целост го променија начинот на којшто комуницираме, живееме и доживуваме искуства.

Однесувањето на луѓето на Интернет претставува сложена интеракција на особините на личност, но и некои од карактеристики на сајберпросторот. Основниот начин на комуникација е по пат на текст. Одсуството на комуникација лице во лице овозможува анонимност на корисниците кои имаат прилика да се претстават  себеси во потполно поинакво светло во однос на реалниот идентитет. Креирање идентитет на Интернет пружа можност на корисникот да го конструира својот идентитет во склад со своите желби.

Можностите за промена се неограничени од физичките карактеристики, пол, раса,возраст…Сајберпросторот ги има и следните каракетристики: можност за запознавање на голем број други личности, флексибилност на време кое подразбира дека комуникацијата по пат на Интернет може да се одвива во реално време или може да биде одложена и истовремена комуникација со поголем број личности.

Во овој виртуелен простор доаѓа до формирање на нова личност со ново видување на себе, а често  може да биде во спротивност со реалноста.

Во реалниот живот има години на старост, пол, национална и расна припадност, социоекономски статус, култулорошка позадина, семејни и пријателски интеракции кои играат значајна улога во формирањето на идентитетот. Овој контекст го нема во виртуелниот свет на Интернетот. Положбата на сите корисници е иста.

Во човековата природа е да ги избегнува сите прилики кои претставуваат закана на постоечката самопроцена и активно се бара за ситуации,  информации и опкружувања кои ќе ја потврдат нивната претстава за себе. Таквни чувства можат за последица да ја имаат екцесивната употреба на Интернетот и манипулација со претставата за себе.

Личностите кои патат од ниско чувство на самопочит со доживување на неадекватност и неодобрување од страна на другите се под најголем ризик да ја развијат оваа вид на „нов идентитет“ со посредство на Интернет.

Самодовербата која се јавува како последица на добиените лајкови како фидбек и признаниие од другите учесници се доволно силни мотиви и силен поттик. Така да нивното изостанување во реалниот свет потполно го губи свото значење. Сето ова води до т.н проблематична употреба на интернетот кој може да создаде потполна зависност.

Социјалната поддршка која се развива во групите на Интернет претставува основниот мотив кој води до тоа корисниците поминуваа подолго време на Интернет. Еден од доминантните становишта за Интернет зависност е низ

Теоријата на социјална компензациија.

По оваа теорија комуникацијата преку Интернет е привлечна и овозможува можности на самоостварување на социјален план на анксиозни, повлечени, интровертни личности кои низ овој вид на комуникација ги компензираат проблемите во социјалото функционирање.

Феноменот на идентитет на личност често се наведува како чинител за Интернет зависност. Ниско самопочит и негативно видување на себе често водат до депресивност и анксиозност.
Такви чувства можат за последица да ја имаат екцесивната употреба на Интернетот и манипулација со претставата на себе. Тука се развива и 

Чувство на страв да не се пропушти нешто

Со оглед на тоа што социјалните мрежи се исто така еден вид социјализација – ако секој користи одредена социјална мрежа, одредени луѓе се плашат дека нешто ќе пропуштат ако не ја користат  одреден период.

„Едно од специфичните влијанија на социјалните мрежи врз луѓето е создавањето чувство на страв од пропуштање на нешто важно. Овој страв нè поттикнува често да ги проверуваме социјалните мрежи и редовно да следиме што објавуваат другите луѓе за да бидеме во тек. Колку повеќе ја гледаме содржината објавена од другите, толку повеќе се споредуваме, што го зголемува чувството дека ни недостасува нешто што тие го доживуваат. Поради потребата да останеме на социјалните мрежи, може да ни биде тешко да се концентрираме на други активности и да го насочиме целото внимание на нив.

Потребата да ставиме делови од нашите животи на нашите профили не одвојува и од вистинските настани и уживањето во она што се случува во даден момент“ 

Важно! 

Балансот помеѓу животот на социјалните мрежи и реалноста станува се потежок, бидејќи моќта на инстаграм, фејсбук, твитер, тик ток е голема, зависноста лесно се создава (како и секоја друга зависност), и можноста младите да се „одвојат“ од реалниот живот и да сметаат дека она што го гледаат на социјалните мрежи е всушност тоа кон што треба да се стремат е голема. Тоа создава незадоволство од сопствениот живот, огорченост, депресија… Колку повеќе се трудиме да сфатиме дека голема е разликата во реалниот живот од она што се нуди како дел од содржините на социјалните мрежи, толку повеќе ќе имаме можност да ги намалиме негативните ефекти од нив.

Заради тоа потребно е позитивно и стабилно вреднување на себе си кое е израз на зрелост, стабилен идентитет и самоуверена  личност.

Напуштање на Интернет и социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм....

Наспроти зависност при употреба на Интернет во последните години се јавува тренд или личности кои избегнуваат употреба на социјални мрежи и Интернет.

Бесмисленост, непотребна дистракција и загриженост за приватноста. По овој редослед, тоа се три најчесто наведени причини за напуштање на фејсбук, при што третото – сопствената изложеност на голем број луѓе – станува сè посериозен фактор. Дури и кога нашата намера не е таква или тоа воопшто не го сакаме, профилите на социјалните мрежи нè разоткриваат до таа мера што некои психолози сугерираат дека „тајмлајнот“ на Фејсбук и „твитот“ на Твитер, со пишани траги за дневното однесување на корисникот, на психолозите им се подрагоцен алат за собирање податоци отколку интервјуата и тестовите, кои вообичаено се спроведуваат во деконтекстуализиран амбиент.