Пред извесно време, од непознати сторители, беше извршена кражба на одредени делови од фонтаната на споменичниот комплекс на плоштадот “Магнолија“ во Битола.
Со оглед на тоа што беше оштетена електрониката и една од пумпите, се превзедоа одредени активности за санирање.
Отстранет е дефектот и во моментов фонтаната повторно е во функција, сопштуваат од ЈКП “Водовод“ од Битола.