Press "Enter" to skip to content

Како се поддржуваат вработените во компанијата

“Таскфорс“ е глобална компанија која има свои кацеларии на два континенти, САД и Македонија. На листата градови со нашата Битола се и Чикаго, Ноксвил, Чарлстон, Загреб, Скопје и Прилеп, а наскоро и Штип. Тимот во Македонија во континуитет се проширува, заради растот на компанијата, но и заради одличните услови кои ги нуди за работа. Модерни простории направени по највисоки стандарди за пријатен работен амбиент, одличен тим кој се дружи преку организирани активности, можности за кариерен раст. Но, тоа е и комапнија која го поддржува спортскиот дух или интересните хоби активности на своите вработени. Таква е денешната приказна, која ја откривме на социјалните мрежи на оваа комапнија под наслов. “From Track to Taskforce“.Интервју со познатиот мотокросист Михаил Мими Бајовски кој како што објаснуваат дека имаат чест да биде и дел од нивниот TASKFORCE тим еве едно интервју со него, неговата љубов кон брзите мотокрос патеки и балансот меѓу работата и животот. Како се случи твојот спој со мотокросот?

-Љубовта за моторите ми е наследена од мојот татко уште од многу мали години. Се сеќавам дека уште на 5 години додека ме возеше на мотор ми дозволи да управувам со кормилото. Тоа беше мотор Томос “АПН-6“ и се уште имам спомени кои ме враќаат на тоа безгрижно време од детството. Љубовта пак кон мотокросот, како спорт ја стекнав од првата трка што ја гледав на популарната патека Братиндол-Битола пред скоро 20 години и после таа трка се што барав беше да ми купат крос. Поминаа 2 години во убедување, па конечно моите ми ја исполнаа желбата.Дали имаш омилена патека или локација за возење?

-Имам многу патеки кои ми се омилени или кои сакам да ги извозам, меѓутоа од патеките во нашиот регион омилена ми е патеката Смолево-Битола на која што го поминав скоро цело детство. Исто така патеката Братиндол-Битола која има одлична историја за овој спорт, но сакам да ја истакнами патеката Глобаре, Крушевац-Србија.

Кој бил твој најдобар пласман на натпревар?

-Победите ми се најдобар пласман, нормално. Исто така и Шампионските титули. Меѓутоа, победа пред домашна публика е незаменлива. За мене тоа е најдобар пласман.Баланс – работа во Таскфорс и страст за возење, како се постигнува тоа?

-Балансот е многу тежок, работата која ја работам и ја сакам бара голема концентрација, а тренинзите бараат и физичка и психичка подготвеност. Нашата работа во Таскфорс не е физичка, меѓутоа бара голем фокус, а мене ми е важно да бидам и на работа а и подоцна за припремите подготвен. Некогаш успевам, некогаш не…Меѓутоа, ако не беше TASKFORCE јас немаше да се натпреварувам повторно. бидејќи заради немање доволно финансии за овој спорт кој е релативно скап, се имав откажано изминатите 3-4 години. Затоа, во оваа прилика сакам да кажам дека најголема заслуга има Стефанија Гроздановска, која пред повеќе од 2 години ме насочи кон Таскфорс и добив широко отворена врата на поддршка. За тоа сум многу благодарен,а посебно што сега оваа комапнија за која работа, се јавува и како поддржувач и спонзор на моите натпревари.Дали имаш омилен трик или маневар за изведување?

-Скоковите се најатрактивни, whip. Но, од аспект на возач-тркач, најомилено ми е кога сум во добра форма и можам да комплетирам една цела трка со континуирани брзи кругови.

Дали си убедил некој од колегите да се проба во мотокрос?

-Да!Има многу колеги кои се заинтересирани за овој спорт и би го убедил секој кој сака да проба бидејки ова е интересен спорт, а истите мотори можат да се користат и за хоби-ендуро возења по офф-роуд терени. Нема поубава релаксација и бегање од секојдневието во планина на чист воздух. На секој од колегите кој би сакал да проба, му стојам на располагање и може да дојде и да проба со мојот мотор.Што возиш сега?

-Моментално возам Јамаха 450 кубици од 2019 година. Во тек е упгрејднување на понова Јамаха, 2021 година. Јас сум страствен љубител на Јамаха, така што се додека главната инвестиција во спортот ја правам сам, со поддршката која ја добивам од TASKFORCE, планирам да останам на Јамаха.