Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Димитар Балојани – Беби

Денес во Битола почина Димитар Балојани Беби, наставник, туристички работник, основач на туристичката агенција “Исидор турс“ во Битола, кошаркар, соопшти неговото семејство, кое напиша:

-Денес замина на патување, сам, овој пат без туристи. Нека му е лесен патот, небесен…

Димитар Балојани – Беби битолчани ќе го паметат како еден од првите туристички работници, основач на туристичката агенција “Исидор Турс“ преку која, ретко да има битолчанец ги нема користено нивните услуги, на разни патувања, училишни, студентски и апсолвентски екскурзии, летувања, зимовања, студиски патувања, …

Беби, како ги викаа неговите најблиски и пријателите, организирал стотици туристички патувања на кои бил извонреден туристички водич, кој беспрекорно се грижел за секој патник.

Димитар Балојани – Беби работел и како наставник, а во својата младост бил и кошаркар, но и тренер и кошаркарски судија. 

Балојани беше и иницијатор и промотор за повторно одржување на битолскиот маскембал по повод празникот Поклади.

Опелото ќе се одржи утре, 31 мај 2023 гидина, во црквата “Св. Димитрија“ во Битола, а погребот во 12 часот на Буковските гробишта во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »