Press "Enter" to skip to content

Изведена претставата “Далеку, а сосем тука“ на учениците од Горната гимназија од Битола на амфитеатарот на Тумбекафе (мега фотогалерија)

Вечерва на летната сцена која се наоѓа на Тумбекафе, над Битола, или малиот амфитеатар учениците од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола ја премиерно ја изведоа претставата “Далеку, а сосем тука“, која е своевиден средношколски театарски спектакл, во кој учествува голем број на ученици од прва до четврта година.Претставата е подготвена и изведана под менторство на предметниот наставник по класични јазици Софија Бејковска, која во Гимназијата “Јосип Броз- Тито“  во Битола предава латински и старогрчки јазик.Претставата “Далеку, а сосем тука“  е авторски проект на средношколците од Горната Гимназија, во која низ митолошкото и политичкото минато влегуваат во нашата неизвесна сегашност, која актерите-ученицит низ реплики уште еднаш ја потврдија и на некој начин ја докажаа.Режијата и сценариото се на матурантката Бисера Стефановска, а како асистен на режија и сценарио е Ангела Цветковска, а асистент на сценарио Ана-Марија Петровска.На малиот амфитеатар на Тумбекафе, над Битола и над Хераклеја учениците на нивни начин ги претставија митолошкото и политичкото минато ќе ве поведе во нашата неизвесна сегашност за да ви пренесе дека секоја пречка во животот е минлива и менлива. На сцената испреплетени одекнуваат страдањата на жените од војни и насилство, неправдите нанесени врз праведниците низ историјата, болката и љубовта на мајката за своето чедо, доаѓањето на новата мисла, потребата за промена, смената на поредокот и за крај, сенката на несигурната иднина која демне врз сите, онака како и кажаува нивната менторка Бејковска.Улогите во оваа престава ги толкуваат  Василиј Тасевски – Хад, Ангела Цветковска – Персефона, Михаил Јанески – Зевс, Анастасија Трајковска – Афродита, Теодора Јовчевска – Деметра, Дамјан Каранфиловски – Сократ, Бојана Тодорова – Гај Јулиј Цезар и ученик на Сократ, Илиана Николовска – Атена, Анастасија Бејковска – Клитајмнестра, Ивана Парговска – Касандра, Селма Мемиш – Пенелопа, Ана Марија Петровска – поетесата Сапфо и граѓанин, Петра Димитровска – Судија на Сократ и заробеник во Платоновата пештера.Уште играат: Катја Златевска – заробеник во Платоновата пештера, Теона Петровска – заробеник во Платоновата пештера, Викторија Марцевска – сенка од Подземјето, Емилија Трајковска – сенка од Подземјето и граѓанин, Михаела Нешкоска – сенка од Подземјето, Тамара Белевска – сенка од Подземјето, Марија Димоска – следбеничка на Деметра и граѓанин, Нина Дејаноска – следбеничка на Деметра и поетеса во Подземјето, Ангела Гарабиљевиќ – следбеничка на Деметра и граѓанин, Ана Богдановска – следбеничка на Деметра и ученик на Сократ, Томе Јолевски – граѓанин, Бора Килич – чувар на власта, Лука Тренчевски – чувар на власта и Лука Димовски – чувар на власта.Светло мајстор е Никола Ѓеоргиевски, кореографија Ана Марија Петровска, костимографија и сценографија Јана Богдановска, Јована Неделкова, Ема Костова, Јована Силјанова и Марија Тодоровска.Аудио монтажа и графички дизајн Лука Петровски, камера: Давид Козаров, фотографија: Мила Петковска. Водители на настанот беа Лука Лозановски и Јана Стојчевска.

Фото: Дамијана Ристевска, Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »