Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со закана ограбена “кладилниица“, физички напад, казнето 16 моторциклисти, каснувања од куче скитник

На 30.05.2023 во СВР Битола било пријавено дека во 21.00 часот во спортска обложувалница на ул. „Кавала“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.05.2023 во СВР Битола, В.Н. (67) од Битола пријавила дека на околу 19.30 часот на 30.05.2023 на Градското шеталиштето во Битола таа и А.Ј. (66) од Битола биле физички нападнати од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчисување на случајот.

Во текот на вчерашниот  ден (30.05.2023) во периодот од 11.00 до 17.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Од нив, 8 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 5 возеле без возачка дозвола, 1 мопед бил нерегистриран,1 возач управувал под дејство на алкохол,1 измината важност на осигурителна полиса …. За време на контролата санкционирани се 26 други видови на сообраќајни прекршоци. 

На 30.05.2023 во СВР Битола, С.М. (58) од Битола пријавила дека крстосница од ул„Солунска“ и ул.„Ѓорги Наумов“ во Битола била касната од куче скитник. На 30.05.2023 во СВР Битола, М.Б.(31) од Битола пријавил дека во близина на спортската сала во Битола бил каснат од куче скитник. На 30.05.2023 во СВР Битола, Н.С.(26) од Битола пријавил дека во Градскиот парк во Битола бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »