Press "Enter" to skip to content

МЗТ го победи Пелистер, во Битола му треба уште една победа за титулата

МЗТ Скопје – Пелистер 75:67 (2:0)

МЗТ Скопје Аеродром е на една победа од одбрана на титулата во македонскиот шампионат и до јубилеен 10. национален трофеј, откако и во вториот меч беа подобри од Пелистер, победувајќи ги со 75:67 (25:17, 19:18, 18:15, 13:17).

Вториот натпревар од финалето, во многу наликуваше на оној првиот, одигран на исто место во СЦ „Јане Сандански“. Екипата која го брани шампионскиот трофеј, одигра далеку подобро од онаа која има желба да стигна до својот прв пехар наменет за најдобрата екипа во шампионатот.

Во првите  20 минути во кои МЗТ Скопје Аеродром иако не блескаше, некако премногу лесно стигна до позитива од 15 поени (42:27) како што стоеше на семафорот во 17.минута од играта. “Пелистерци“ дури и можат да бидат задоволни со епилогот на првото полувреме. Заостануваа „само“ девет поени (35:44), затоа што ги искористија грешките во серија на аеродромци во оние две и кусур минути од втората четвртина.

По три четвртини, МЗТ Скопје беше „мирен“, на позитива од 12 поени (62:50). И многу блиску до втората победа во финалната серија… Но во оној последен дел, бранителот на круната сепак им даде шанса на битолчани. Уште една серија на грешки на „сино-белите“, го донесе Пелистер на достижна негатива, од само шест поени (63:69), а нешто потоа и (65:71). Имаа три напади гостите таа негатива да ја сведат на уште пониска, но скопјени ја забележаа втората победа во финалето.

Кај Пелистер, кој ќе биде домаќин овој викенд Маслинко постигна 16 поени, Карпентер 14 , Карутерс 12, а Хаџифејзовиќ имаше 11 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »