Press "Enter" to skip to content

Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)

Пионерската екипата на Пелистер од Битола, деца родени 2006 година и помали се шампиони на Македонија во Супер лигата, а тоа го потврдија со победа над екипата на Шкупи со 3:0 во последното коло од оваа сезона.Натпреварот се одигра во Битола, на градскиот стадион “Петар Милошевски“ под Тумбекафе. Екипата на Пелистер има одлични резултати оваа сезона во одос на своите врсници. Младите “пелистерци“ имаат најдобра гол разлика во лигата, најмалку примени голови во лигата.Во текот на целата сезона беа на прво место, а беа и есенски прваци, без пораз. Во текот на сезоната вкупно ротираа 28 деца.-Напорно работевме во текот на целата сезона, меѓу нас има одлична енергија и мислам дека меѓу другото тоа е еден од главните фактори за овај успех. Клубот ни овозможи одлични ослови за работа, а еве ние вративме со титула и сум многу среќен за тоа. Се движиме во добар правец и моја лична желба е пред се Пелистер да се врати на вистинските патеки, истакна тренерот на пионерската екипа на фудбалскиот клуб Пелистер, Никола Мрмачоски. ренер на екипата Никола Мрмачоски.

More from ВестиMore posts in Вести »