Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење

На 31.05.2023 во близина на место викано „Стари касарни“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 26 години и еден малолетник, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 58 возачи . Од вкупно 58 возачи ,42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »