Press "Enter" to skip to content

Дебатен настан на УКЛО Битола за новите геополитички случувања ги здружи академската јавност и граѓаните

Универзитетот “Св. Клиемент Охридски“ од Битола во Студентскиот Информативен Центарбеше домаќин на плодна дискусија посветена на темата “Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“ што се одржа во организација на Институтот за европска политика.

Академски кадри, студенти и граѓани од Пелагонискиот регион, смислуваа прашања кои ги поставија на панел од експерти од ЕПИ и  на проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ, кој имаше и стручно излагање. Во дебатата учество зедоа студенти од УКЛО и професори, меѓу кои и проректорот за финансии и развој од УКЛО, проф. д-р Јове Димитрија Талевски.

Според експертите, и ако проширувањето во моментов е во преден план, поради поголем број на држави во ЕУ, тоа станува потешко заради засегнатоста на Унијата со актуелните економски и безбедносни предизвици.

More from ВестиMore posts in Вести »