Press "Enter" to skip to content

Самоил Ристевски, ракометар во Еурофарм Пелистер 2 од Битола: наградата “Најдобар млад играч“ поттик за да тренирам уште посилно (фото)

Текст и фото: Дамијана Ристевска

По завршувањето на сезоната во машка ракометна Супер лига Македонија, спортскиот портал за ракомет “24rakomet.mk“ на свечената манифестација во Скопје прогласи најдобри, екипи, играчи… Наградата за „најдобар млад играч“ му беше доделена на младиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, на нашиот сограѓанин, Самоил Ристевски. Тоа беше повод за нашиот разговор.Самоил Ристевски има 17 години, ученик во втора година во СОУ „Јосип Броз Тито“ Битола. Неговата кариера е на почетокот, но веќе е препознатлив по својата игра во Еурофарм Пелистер.За себе, кога започна да спортуваш?

-Роден сум во Швајцарија каде со моите родители живеев до моја 9 годишна возраст. Од мали нозе го сакав спортот и таму уште на четири годишна возраст почнав да тренирам фудбал. Тренирав добри 4 години. Кога се вративме во Битола, како град каде  ракометот  е популарен  спорт, започнав да тренирам и морам да кажам дека не згрешив. Тренирав во школата на Кирил Лазаров околу една година и на 15 годишна возраст почнав во Еурофарм Пелистер.Што те мотивира најповеќе?

-Најголема моја мотивација се моите предиспозици кој ги имам, исто така ме мотивира тоа што напредувам брзо и можам да допринесам на екипата, со мојата професионалнсот, упорност, иако имам само 17 години.За наградата „Најдобар млад играч“

-За прв пат бев дел од вакво гласање и сум благодарен на сите оние кој гласаа за мене. Оваа награда мене може да ме мотивира за понатаму да тренирам уште понапорно и да напредувам уште побрзо.Како се организираш со тренинзи и обврските на училиштето ?

-Тренинзите најчесто се секој ден кога е припремниот дел пред сезоната и покрај тоа со училиштето се снаоѓам релативно добро, иако немам многу време се трудам да дадам се од себе за да не го запоставам.Твоја најголема поддршка 

-Родителите ми се најголема моја поддршка. Ако имам некакви потешкотии, тие  ми помагаат и ме охрабруваат. Татко ми нема пропуштено натпревар, потоа ми дава совети како играв…тоа е голем плус за мене. Исто така после натпреварот заедно со него ги анализираме моите грешки за да не се повторат и така јас од ден за ден се подобрувам. Мајка ми е исто така  мој голем фан. Таа ми дава совети за животот, иако не знае многу за спорт и ракомет, тука е за во било каква ситуација.Како ја гледаш твојата кариера понатаму?

-За понатаму уште немам добро размислено со оглед на тоа што сум млад играч и сакам да го направам најдобриот избор за мене и секако за мојата кариера. Имам една цел и тоа е да играм во Лига на шампиони.

More from СпортMore posts in Спорт »