Press "Enter" to skip to content

Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура

Современа бајка за возрасни и деца –  балет во три слики “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, на Националната опера и балет,  ќе гостува во НУ Центар за култура Битола на 7 јуни 2023 год.  во 20 часот, како дел од годишната програма на Центар за култура Битола.

Приказната за “Пепелашка“ во модерна верзија е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а со кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ.

Костимографијата е на Катерина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук – Георг Драушник (Хрватска), асистент кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).

Настапуваат солистите: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева-Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, како и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

-Балетската претстава “Пепелашка“ на Националната опера и балет, е современа бајка за сите возрасти која не смеете да ја пропуштите, порачуваат од Центарот за кулура од Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »