Проректорката за настава на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Павлина Стојанова, и деканите и продеканите на нашите 5 факултети, свечено ги врачија дипломите на дипломците и магистрите на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола, во Офицерски дом во Битола.
-Во прекрасна свечена атмосфера, заедно со студентите се потсетивме како сите заедно растевме, на тимската работа и на безрезервната поддршка од нивните најблиски кои веруваа во нив. Нашите студенти и нивните семејства се дел од нашата универзитетска историја, дел од големото семејство на Меѓународен Славјански Универзитет. Како универзитет се гордееме со своите студенти и без нив немаше да бидеме една од најуспешните приватни високобразовни институции во земјава, рекоа од Меѓународен Славјански Универзитет и додадоа:
-Се надеваме дека сите оние моменти кои го оплемениле студентскиот живот на оваа генерација ќе останат како едно убаво животно искуство. Голема благодарност до родителите на дипломците и магистрите за поддршката во текот на студиите.
Исто така беа врачени и благодарници за соработниците на Меѓународен Славјански Универзитет кои ги поддржаа нашите студенти за време на нивната пракса. Благодарници беа врачени на: Марија Младеновска Димитровска, СОУ ,“Таки Даскало“, Аница Златевска, Жанета Ристевска, ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Марија Трајковски, Славица Грујо и Агенција за вработување.
Меѓународниот Славјански Универзитет постои веќе 19 години, располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2.000 студенти.
[ngg src=”galleries” ids=”1534″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]






