Проректорката за настава на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Павлина Стојанова, и деканите и продеканите на нашите 5 факултети, свечено ги врачија дипломите на дипломците и магистрите на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола, во Офицерски дом во Битола.-Во прекрасна свечена атмосфера, заедно со студентите се потсетивме како сите заедно растевме, на тимската работа и на безрезервната поддршка од нивните најблиски кои веруваа во нив. Нашите студенти и нивните семејства се дел од нашата универзитетска историја, дел од големото семејство на Меѓународен Славјански Универзитет. Како универзитет се гордееме со своите студенти и без нив немаше да бидеме една од најуспешните приватни високобразовни институции во земјава, рекоа од Меѓународен Славјански Универзитет и додадоа:
-Се надеваме дека сите оние моменти кои го оплемениле студентскиот живот на оваа генерација ќе останат како едно убаво животно искуство. Голема благодарност до родителите на дипломците и магистрите за поддршката во текот на студиите.
Исто така беа врачени и благодарници за соработниците на Меѓународен Славјански Универзитет кои ги поддржаа нашите студенти за време на нивната пракса. Благодарници беа врачени на: Марија Младеновска Димитровска, СОУ ,“Таки Даскало“, Аница Златевска, Жанета Ристевска, ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Марија Трајковски, Славица Грујо и Агенција за вработување.
Меѓународниот Славјански Универзитет постои веќе 19 години, располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2.000 студенти.

Свечено врачени дипломите на дипломците и магистрите на Меѓународен Славјански Универзитет (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Новите производи се тука! MintBonus со нови изненадувања за лојалните клиенти
- Ресторан “Корзо“: докажан квалитет на храната и нашата услуга
- “Цермат“ – Metropoli двобој!
- “Јавен адвертајзинг“: со МИНИ обуки унапредете ги вашите вештини
- “Бител“: VOX M19 – Практична микробранова печка за секојдневна употреба!