Press "Enter" to skip to content

Мила Нечовска, млада пијанистка: пред натпревар вежбам секој ден околу три до четири часа, напорно е, но кога се сака се се може

Дамијана Ристевска

Нашиот портал пишува за нашите млади таленти од различна област, промовирајќи го нивниот талент, труд,  успеси и награди. Со освоени повеќе од 50 награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари претставувајќи го Државнато музичко училиште од Битола и нашиот град, талентираната пијанистка Мила Нечовска заслужено дел од рубриката интервјуа со млади таленти. Своето музичко образование го започнува во учебната 2016/2017 во Државното музичко училиште во Битола, првата година изучувала солфеж кај професорката Јулијана – Проја Димовска и од самиот почеток  се вљубила во нотите и музиката. Во 2017 се запишува да да учи пијано во класата на професорката Ана Стефановска, за која вели дека е најмилата, најдобрата и најсаканата.За себе…

-Моето име е Мила Нечовска имам 12 години и учам во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола. Исто така редовен ученик во Државното музичко училиште. Од мала имав интерес и љубов за музиката, можеби љубовта за музиката ја наследив баш од мојата мајка која уште од мала ми пееше и свиреше.Кога започна да посетуваш часови по пиано?

-Своето музичко образование го започнав кога бев прво одделение, прво ги посетував часовите по солфеж, следната година започнав да свирам клавир кај професорката Ана Стефановска, значи свирам од 2017 година, тоа би било скоро 6 години. Во тој период имав учествувано на многу општински, регионални, државни и меѓународни натпревари претставувајќи го музичкото училиште и нашиот град и освоено над 50 награди под ментортсво на професорката Ана Стефановска.

За наградите…

-Сите награди ми се подеднакво драги бидејќи сум вложила многу труд и време, вежбајќи секојдневно на пијаното, но посебно се радувам кога на некој натпревар освен дипломата како награда би ми дале медал, статуетка или нешто симболично, но вредно за чување, нешто што би ми останало за спомен.Омилени композитори

-Еден од моите омилени композитори е Вилијам Гилок од кој во последно време свирам голем број на композиции,исто го сакам Шопен, Бах Шостакович, интересни ми се исто композициите и од македонските композитори. Слушам повеќе пијанисти но еден од моите омилени пијанисти е Лола Астанова која е прекрасен популарен изведувач и пијанист. Од македонските пијанисти му се  восхитувам на кариерата која ја има направено Симон Трпчевски. Кога јас се подготвувам за натпревар вежбам секој ден околу три до четири часа, понекогаш тоа е напорно, но кога се сака се се може.Како го поминуваш своето слободно време кога не вежбаш на пијано?

-Во моето слободно време сакам да слушам музика, слушам се што ми е убаво за моето уво, сакам исто да играм надвор со другарите, да гледам видеа, да пишувам поезија, да цртам и многу други работи кои ги сакаат моите врсници.

Кога зборува за своите идоли со воодушевување кажува за пијанистката Лола Астанова. Ја следи на социјалните мрежи и ги слуша нејзините пијано изведби. Најголема желба на младата Мила е да стане позната пијанистка или пак добра наставничка по пијано како нејзината мила наставничка Ана.

Ќе ги споменемe дел од досега освоените награди:

-International competition Art in 2023 Kавадарци, Прво место

-III Piano international Music Competition ”LIVEMUSEART”-

– Timisoara, Romania 2023 Прво место

– International Two Part Аrt & Music competition, Istanbul, Turkey 2023 🇹🇷 Прва награда

-International competition ”Musicalas,, Alicante, Spain 2023 Прва награда

-,,International Two- tour music & art competition ” Toronto-Kyiv, 2023 Прво место

-International Art festival, Cerngiv, Ukraina 2023, Прва награда

-VXI International Croatian – Ukrainian Two-tour  competition “Stars of Croatia” Zagreb 2023 Гран При

– International competition,,Digi-talenty”Poland 2023 Прва награда

-International Two Part art & music competition , USA 2023 Прва награда

 -XXV International competition ,,Musici- talenty”  Świdnica, Poland- 2022 Прва награда

-International marathon contest, Viena Austria 2023 Прва награда

-USA Harmony International Music Competition  -Atlanta,Georgia  Трето место

-International piano competition Pianofest Bitola 2022 Прва награда

-International competition Art in , Macedonia 2022 Gran pri

-International music competition , Bratislava Slovakia 2022 Прво место.

More from ВестиMore posts in Вести »