Press "Enter" to skip to content

Во Битола формиран лиценциран сервис за давање на услугата Помош и нега во домот на стари лица и лица со попреченост

Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, ги информира граѓаните на Битола дека се лиценциран давател на услугата Помош и нега во домот во општините Битола, Велес, Свети Николе и Гостивар, а сите услуги во домот ги даваат соодветно обучени и вработени негователи.

Корисници на услугата Помош и нега во домот се стари лица и лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе.Во зависност од степенот на намален функционален капацитет на корисникот помош и нега се обезбедува за основни активности, како што се одржување на лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење тоалет, менување пелени и подлоги во случај на контингенција и за инструментални активности – поддршка при чистење, посредување на поправки, перење, готвење, купување, продукти, надворешна мобилност, земање медицинска терапија.

Обезбедете им квалитетна нега на вашите најмили во вашиот дом!

Повеќе информации за услугите можете да добиете на телефонскиот број 078 449 853.