Press "Enter" to skip to content

Зоран Талески, директор на КЈП “Нискоградба“: работиме транспарентно, отчетно и посветено во служба на граѓаните (фото)

Директорот на КЈП “Нискоградба“ од Битола, Зоран Талевски денес одржа прес-конференција, кај новиот парк кој е во изградба во населбата “Довлеџик“, а за работењето на ова јавно комунално претријатие рече:-Транспарентното, отчетно и посветено работење, се главните карактеристики на функционирањето на КЈП Нискоградба во досегашниот период. Ваквиот начин на работа во изминатиот период, откако раководам со претпријатието, придонесе за континуирана ликвидност, работа без кредитно задолжување и без зголемување на сметките, односно на трошоците за граѓаните. На овој начин, продолжуваме и оваа градежна сезона, целосно во служба на граѓаните на општина Битола, во сите области кои се во надлежност на претпријатието, согласно условите и можностите за реализација, на чие подобрување, работиме во континуитет.Талески за вложувањето во претријатието за механизација и за платите рече:-Во делот на подобрување на возниот парк со соодветна механизација, годинава со донацијата од општина Битола во износ од 450.000 денари набавена е машината за чистење на канализациони приклучоци, а завршена е и постапката за набавка на камион во износ од 12.000.000 денари, од кои половина од средствата се од министерството за локална самоуправа, а другата половина, се сопствени средства на претпријатието, без никакви задолжувања. Од моето назначување платата на вработените во два наврати е зголемена во бруто износ од околу 7.000 денари, за што на годишно ниво, претпријатието издвојува износ од околу 12.000.000 денари, од кои 7.000.000 во 2022 и 5.000.000 во 2023 година.Работните активности продолжуваат со зголемен интензитет, за што со општина Битола имаме склучено договори во износ од околу 70.000.000 денари, меѓу кои како позначајни  Талевски ги издвои:-Реконструкција на мешовита канализација на улици во населбата “Недопирливи“, улица “Солунска“ втора фаза,улиците “Зборска“, “Драгорска“, како и во селото Трново. Додека се реализира динамичната инфраструктурна програма на општината, таму каде што е неопходно делување, продолжуваме со санација и изведба на сливници и решетки, санација на ударни дупки, како и вградување на гребен асфалт на улици во 19 села на територијата на поранешна општина Бистрица. Продолжуваме со работа на Паркот во Нова Битола, чистење на коритото на река Драгор и секако со навремена подготвеност за периодот кога ќе биде потребно делување на зимската служба.-КЈП Нискоградба и во понатамошниот период одговорно и во служба на граѓаните ќе работи на исполнување на предвидената програма, со цел создавање подобри услови во сите населени места и за сите жители на нашата општина, заврши Талевски.

More from ВестиMore posts in Вести »