-Балетската претстава “Пепелашка“ на Националната опера и балет, синоќа беше изведена во Битола, а современата бајка за сите возрасти, како порачуваа од Центарот за кулура, навистина не смееше да се пропушти.
Синоќа во Битола, на големата сцена на Центарот за култура, гостуваше современа бајка за возрасни и деца – балет во три слики “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, во изведба на Националната опера и балет, како дел од годишната програма на Центар за култура од Битола.
Приказната за “Пепелашка“ во модерна верзија е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а со кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ.
Костимографијата е на Катерина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук – Георг Драушник (Хрватска), асистент кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).
Настапуваат солистите: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева-Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, како и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Современата бајка “Пепелашка“ на Националната опера и балет ја воодушеви публиката во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер
More from КултураMore posts in Култура »
- Верица Недеска и Игор Ангелов со “Љубовни писма“ во интимна театарска вечер во “UTOPIA“ во Битола
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика










