Press "Enter" to skip to content

“Будење на заспаниот џин“ работилница на УКЛО и Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка од Прилеп (фото)

Денес на ФИКТ Битола, УКЛО Битола заедно со Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка од Прилеп, денеска одржаа работилница со наслов “Будење на заспаниот џин“, како дел од проектот „Отворени општини со отворени податоци“, финансиран од НЕД.Проектот треба да даде придонес кон реафирмацијата на граѓанското учество во процесите на носење одлуки на локално и регионално ниво во Пелагонискиот плански регион, со што ќе се зајакне побарувачката и јавниот притисок за отчетност и транспарентност на општините.Работилницата опфати учесто на градоначалници од регионот, стручен кадар на Универзитетот,персоналот задолжен за Локалниот економски развој, задолжените општински службеници за односи со јавноста од Пелагонискиот Плански Регион, институции од регионот, претставници од граѓански организации и од УКЛО.Тие говореа и дебатираа за потребите и неминовноста од здружена акција на општините, регионот и Универзитетот во подигање на капацитетот на општините за придвижување структуирано јавно учество во процесот на носење одлуки на општинско и регионално ниво.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека Универзитетот мора да има соработка со заедницата и го потенцира местото и учеството на Универзитетот во детектирање на реалните потреби на регионот, за чиј опстанок е потребно локално знаење и локална експертиза. Нагласувајќи ја потребата од соработка со невладиниот и граѓанскиот сектор, со локалните и централните власти, според него Универзитетот е неизбежен и важен кохезионен фактор што може да понуди најприфатливи решенија.Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, кој воедно е и претседател на Советот на Пелагонискиот плански регион, поздравувајќи ги присутните ја нагласи неопходноста од соработка со сите институции, а посебно со Универзитетот, што би придонело и за намалување на иселувањето на граѓаните од регионот. Тој се осврна и кон безрезервната поддршка што УКЛО ја дава во процесите за креирање јавни политики за регионот и помага во прекуграничната соработка.Претседателот на АГТИС, Александар Цветкоски го потенцира местото на Универзитетот како регионален лидер на мислења и експертиза, со оценка дека надминување на номиналното граѓанско учество во институциите е можно само со едуцирани граѓани.На работилницата, присутвуваше и проректорката за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска. Настанот го модерираше проф. д-р Младен Караџоски, додека проф. д-р Бранко Димески учествуваше како главен воведничар на работилницата.

More from ВестиMore posts in Вести »