Press "Enter" to skip to content

Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и ОУ “Св. Климент Охридски“ најдобри во училишниот спорт во Битола (фотогалерија)

Во основното училиште “Св. Климент Охридски“ во Битола, денес се одржа завршната манифестација “Прогласување на најуспешните за Училишен спорт“ за учебната 2022/23 година. Во овие активности беа вклучени 3.200 ученици во 28 категории во 15 спортови.За најуспешно основно училиште е прогласено ОУ “св. Климент Охридски“, а за најуспешно средно училиште СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.Денес ја одржуваме завршната манифестација “Прогласување на најуспешни за Училишен спорт“ за учебна 2022/23 година за натпревари кои се одржаа во општините Битола, Новаци и Могила, во кои натпревари беа вклучени  3.200 основци и средношколци, кои се натореваруваа во 28 категории во 15 спортови. Сакам да изразам голема благодарност до покровителот на овие спортски училишни натпревари Општина Битола и сите професори кои несебично беа ангажирани во сите активности, рече Михајло Трампевски, претседател на Сојузот на училишен спорт на Битола.Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на најуспешните им посака нови спортски резултати во следната учебна година и уште поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците, со цел поттикнување и развој на спортскиот дух кај младите.Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски оваа година, преку програмата за спорт и млади, за училишниот спорт издвоија 700.000 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »