Press "Enter" to skip to content

Соработка на ЈКП “Водовод“ од Битола и “D.E.Y.A.F“ од Грција

Можностите за развивање на меѓуграничната соработка помеѓу двете општини, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес се темите на кои разговараа денес, директорот на ЈКП “Водовод“ од  Битола со своите соработници и директорката на “D.E.Y.A.F“ од Грција и нејзини соработници.

Во рамките на посетата за вмрежување на општинско и канализациско претпријатие Лерин во просториите на “Водовод“ од Битола за размена на искуства и имплементација на иновативни технологии во водоводните мрежи.Беше извршена презентација на дигитални и технички решенија со цел, подобрување на процесот со водоводната инфраструктура и водоснабдувањето.

Средбата заврши со изразен оптимизам и посветеност кон градење силно партнерство. Присутните го истакнаа значењето на постојаната комуникација и соработка за постигнување на резултати и зајакнување на односите меѓу двете претпријатија.

More from ВестиMore posts in Вести »