Press "Enter" to skip to content

Црно-бел “креативен ден“ во Битола, познати битолчанки носеа креации од млади дизајнери средношколци (мега фотоглерија)

Вечерва во Офицерски дом во Битола се одржа моден настан “Креативен ден“ на кој познати битолчанки носеа креации кои ги изработија средношколци кои се школуваат во текстилните насоки на неколку средни училишта од државата. За настанот Весна Божиловиќ вклучена во организацијата истакна  дека е линк меѓу образованието и бизнис секторот, а Битола град домаќин на средните текстилни, модни училишта од Штип, Прилеп, Струмица и Богданци.-Промоција и афирмација на модата, како дел од Културата како концепт. Поддршка на стручното образование, поттик на претприемништво меѓу младите, валоризирање на домашни брендови, велат организаторите на овој имресивен културен настан, кој го следи модниот урбан кодекс.-“Креативниот ден“ е современ пристап во афирмација и промоција на Културата, со активно учество на младите луѓе и искуствата од повеќе дисциплини. Истиот претставува поддршка на струката, развој на модата како компонента во Културата, поттик на претприемништвото кај младите, вмрежување помеѓу модните активисти, валоризирање на домашните дизајнерски имиња, како и домашните модни брендови. Професионални модни дизајнери, во улога на ментори, дизајнираат заедно со младата модна сила, а успешни деловни жени, Дами ги презентираат креациите, ги купуваат и собраните средства како донација, наменети ќе бидат повторно за подобрување на практичната настава, вели Весна Божиловиќ.Моделите го носеа познати битолчанки, Маја Андоновска – Илиевски – директор на Центар за култура, Лидија Стефановска – професор во БАС,  Маријана Милевска – директор на Преда плус фондацијата, Сузана Кочанковска – Трајковска – основач на “Сизигија“, Емилија Геровска – од “Про Локал“, Снешка Дмитровиќ – “Плодност“, Александра Шијакоска – инфлуенсерка, Вики Димова – “Виола“…

-По првиот успешно одржан Креативен Ден, познавачите на модата, концептуално и по значење, веќе го споредуваат со “МЕТ ГАЛА“ со тенденцијата да растеме во квалитет е голем мотив, а младите имааат можност за меѓусебно запознавање, споделување искуства и создавање на здрава клима за работа, додава Божиловиќ.Битолската публика е брендот кој го препознава култот кон модата и дизајнот. Често не споредуваат за французите и нивните модни настани, со италијанските модели и перфекционистичкиот капацитет на препознавање на модната култура. Затоа, нескромно, би рекле дека Битола е совршена  локација од која се промовира и афирмира стилот, естетиката и креацијата како уметност и дел од културата како концепт.

Вечерва мода, стил, убавина низ Офицерски дом Битола. Убави жени со префинет вкус за мода  вклучени во проектот, но и оние кои дојдоа да го проследат настанот. Фотографиите тоа и го одсликуваат. 

Текст: Жанета Ристевска

Фотографии: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »