Press "Enter" to skip to content

Најслатките и најмилите трчаа на првата детска трка “МИНИ Трчај БЕ“ по Шеталиште во Битола (фотогалерија)

-Денес весело и возбудливо  во градкиот парк во Битола, поточно на Шеталште, каде голем број деца од различни впозраст од 4 до 14 години трчаа на првата детска трка “МИНИ Трчај бе“, за најмалите и најмилите. Возбудени деца, во победнички и натпреварувачки дух, трчаа до целта. Имаше и по некоја солза ако не се победи…, но, и медали за сите.

Водителскиот пар Марјан Ѓорѓиевски и Никола Пројчевски во свој стил го водеа настанот, “Ако некој родител го загубил детето, нека го подигни од рецепција“, ди-џеи и ѕвездички од “Си До“ ги развеселуваа присутните, атука беше и “Светот на Биби”.Денес 11 јуни во Градскиот парк се одржа првата трка за најмалите и најмилите МИНИ Трчај бе. Деца од 4 до 14 години трчаа и ја ќе ја покажаа својата атлетска моќ. Оваа манифестација е прва од овој вид која има цел да го поттикнува детското трчање, инспирирајќи ги најмладите и промовирајќи здрави животни навики.  Забавната програма започна во 10.30 на Градското Шеталиште кај СКЕЈТ ПАРКОТ, а општинскиот сојуз на училишни спортови се погрижи  околу техничката подготовка и реализација на стартот и целта.За првата детска трка во Битола организаторите изјавија:-“МИНИ Трчај бе“ е прва детска трка посветена на малите шампиони, со цел да ги вовлече во радоста и енергијата на трчањето и спортот. Ова беше моментот кога децата го доживеја бодрењето од публиката и се почувствуваат како вистински победници, кога ќе ја преминат целта. Но фокусот не е само на победата, туку негување на љубов кон физичката активност и радоста. Преку оваа трка, децата не само што ја искусија возбудата од трчањето, туку и научија вредни лекции за истрајност, спортски дух и добивање награда. “Мини Трчај Бе“, треба да го означи почетокот на новата традиција за првата детска трка во Битола, која ќе инспирира и ангажира генерации млади тркачи. За крај, децата се родени да трчаат, тие се нашите суперхерои, а сега, во Битола, добија своја трка  “МИНИ Трчај бе“ .

Ж. Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »