Press "Enter" to skip to content

Како да се заштитите себе си и своите лични права (техники за невербално и вербално асертивно однесување)

Асертивност е став и начин на однесување во било која ситуација во кое треба да ги изразите своите чувства, да побарате тоа што го сакате, и да кажете „не“ кога нешто не сакате.Добро е секој да ги знае своите лични права за да може со асертивниот став да ги заштити истите во комуникацијата со другите. 

Листа на лични права:

-имам право да го побарам оно што го сакам,

-имам право да кажам „не“ на молби или барања кои не можам да ги исполнам“,

-имам право да го изразам сите свои чувства, позитивни или негативни,

-имам право да се предомислам,

-имам право да направам грешка и да не бидам совршен/а,

-имам на сопствени вредности и стандарди,

-имам право да кажам не за било што на што не не сум спремн/а, што не ми се чини безбедно или ги загрозува нашите вредности,

-имам право да ги одредам сопствените интереси,

-имам право да не бидам одговорен/а за туѓите однесувања, постапки, чувства,или проблеми.

-имам право да се налутам на некој што го сакам,

-имам право да бидам во потполност она што сум,

-имам право да бидам уплашен/а и да кажам „ јас се плашам“,

-имам право да кажам „не знам“.

-имам право да се правдам и да не го објаснувам своето однесување,

-имам право да донесувам одлуки врз основа на своите чувства,

-имам право на потреба за сопствен простор и време за себе, 

-имам право да не бидам опкружен со луѓе кои ме навредуваат,

-имам право да имам свои потреби и желби кои другите ќе ги почитуваат,

-имам право према мене да се однесуваат со почитување,

-имам право да бидам среќен/а.

Во секојдневниот живот често сме се нашле во ситуација кога некое однесување ви смета, но вие како да не можете или не сте во состојба да го изразите своето неслагање (на пр. сте  некој да ви влегол  во редот, на партнерот или партнерката да му кажете што мислите или чувствувате, да поставите прашање на предавање, тешко ви е да изразите негативни чувства или да побарате помош кога ви е потребна. Постојат техники кои ќе ви помогнат да го изградите својот асертивен став.

Развивање на невербално асертивно однесување

Невербалните аспекти на асертивноста на кои можете да обратите внимание

Невербалните пораки за развивање на асертивните техники на кој можете да обрнете внимание на комуникацијата со другите:

ледајте директно во личноста на која и се обраќате (гледањето во под или на страна се праќа порака дека сте несигурни. Спротивно на екстремно „зверење“ во личноста исто така не е корисно, бидејќи другата личност може да се почувствува несигурно.

-отворено држење на телото наместо затворено (ако седите немојте да го прекрстувате нозете или рацете, ако стоите, бидете исправени директно пред личноста наместо да се криете од страна. Не се преместувајте или да се оддалечувате. всушност морате да останете на место).

станете смирени– избегнувајте премногу емоционално да се вознемирувате или возбудувате. Ако сте лути ослободете се од лутината некаде на друго место, пред да се обидете да бидете асертивни.

Вежбајте ги сите наведени невербални вештини со пријател преку играње на улоги во ситуации кои бараат асертивно однесување.

Развивање на асертивни реченици

-изнесете ги своите молби. Ова е најважниот чекор кон асертивност. Едноставно да кажеме дека тоа што го сакаме или не го сакаме директно и отворено.  Еве едно упатсво: Употребете асертивно невербално однесување(кое го опишавме погоре).

-стоите исправено,

-воспоставете контакт со очите и работете на тоа да останете мирни.

-изнесете го барањето на едноставен начин. Доволни се 1 или 2 реченици. На пр. „Би сакала да не ме прекинувате додека зборувам“

-избегнувајте да барате повеќе работи истовремено.

-бидете одредени. Побарајте точно она што го сака личноста или личноста погрешно ќе ве разбери. Употребувајте „Јас изјава“ во облик „Би сакала“, „Сакам“, „Би ми значело“. Многу е важно да избегнувате „Ти изјави“ во миг кога изнесувате своја молба. Изјави кои содржат закана или обид на присила. „Ќе го направиш тоа или во спротивно“. Тоа ќе доведе до тоа личноста да завземе одбрамбен став и ќе ја намали шансата да го добиете тоа што го сакате. Значи важно е во фокусот на молбата да биде она што вие го сакате и тоа во врска со тоа како вие се чувствувате, наместо да представува диктирање на туѓото однесување да се покорува на вашата волја.

-не се извинувајте заради сопствените желби. Кога сакате нешто да побарате направете го тоа директно. Кажете „Би сакала ова да го направам“, наместо „Извини дали би можел… Кога сакате да одбиете некое барање направете го тоа директно. немојте да се извинувате едноставно речете „Не благодарам на сум заинтересиран. Ако другата личност се обиде да изврши притисок на вас, едноставно повторувајте го својот одговор се додека не ви стане јасно дека искрено така и мислите. Овој метод популарно се вика „расипана плоча“ и многу е корисно во ситуации кога продавачите ве врбуваат да го купите нивниот производ.

-изнесувајте молби, а не барања и наредби. Асертивноста подразбира дека речениците треба да се во форма на молби. Барањата некој да се однесува на друг начин представува агресивен вид на однесување кој тешко ќе ви овозможи да ги остварите своите желби.

-протестирај против однесување, а не против личност. При тоа важно е таа личност да разбере дека и укажувате и имате проблем со конкретното однесување во ситуација, a да не ја навредите нејзината личност.(Пр. „Ми пречи твоето однесување што доцниш денес“, а не „ Ти си неодговорна личност или себична која другите треба да ја чекаат“.

За сите техники потребно е време за да ги употребуваме, но кога ги знаеме можеме да си ги повторуваме од ситуации во ситуации. Вреди да се проба за да си се заштитиме себеси и нашите лични права во најразлични ситуации било на работното место или во комуникациите со партнер/ка  или други врски со луѓето на професионален или приватен план.