Вчера, 11 јуни 2023 година, во 18.30 часот на ул. “Алексо Нанески“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 34 години, двајцата од Битола.
При преглед кај нив и во возило “пежо“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага со траги од бела материја, таблети, три шишиња исполнети со течност, ампули и други предмети.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.