Press "Enter" to skip to content

Отворена годишната изложба на ЈУБ “Art Gallery“ на млади уметници Горната гимназија (фотогалерија)

Синоќа во музејот, галерија и ателје  “Ранко Струмениковски“ во Битола беше отворена изложбата насловена “Art Gallery“ на млади ликовни уметници од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола.Станува збор за средношколците Деспина Британовска, Валентина Ацевска, Викторија Ацевска, Тамара Панова, Анастасија Чипуровска, Бојана Јанкуловска, Ива Котевска, Ева Ташковска, Ангела Балевска, Матеа Василевски, Сандра Корлевска, Сања Цветковска, Елена Каранфиловска, Бојана Ѓоршевска, Илона Шундовска, Сања Накеска и Софија Мачковска.На свеченото отворање на изложбата беа присутни нивните соученици, професори и пријатели кои ги погледна нивните дела.На изложбата зборуваше нивниот професор по ликовна уметност, Александар Поповски, кој им честита заедничка изложба, ја пофали нивната работа и им посака успех во иднина.На изложбата зборуваше проф, д-р Љупчо Ќеверевски, кој рече дека му е посебно драго што има чест да зборува на изложба на млади ликовни автори од Битола, а тоа значи само едно, дека уметноста ќе продолжи да живее во Битола, а тој како човек кој работи со талентирани ученици посакува уште многу вакви проект на млади и талентирани ученици. Изложбата ја отвори м-р Драган Ристевски кој рече:-Тука во оваа музеј галерија на едната страна се наоѓаат делата на нашиот познат ликовен уметник Ранко Струмениковски, а од другата страна делата на овие млади автори, кои сега ја почнуваат нивната уметничка кариера. Само уметноста може на едно место да го соедини иднината-делата на младите и минатото-делата на Струмениковски.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »