Општина Битола, започна со работните активности за комплетна реконструкција на паркинг просторот кај спортската сала “Боро Чурлевски“. Проектот вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За овој проект, општина Битола, издвои 18.301.800 денари.
Паралелно со отпочнувањето на работите на паркинг просторот започнаа и работните активности, во спортската сала, со цел нејзино прилагодување, согласно европските стандарди за ракометни натпревари со европски екипи на домашен терен во следното издание на Лигата на шампиони кое започнува оваа есен.
Работните активности во објектот на Спортската сала ги реализира Општина Битола во соработка со јавните претпријатија и приватните фирми, согласно склучените договори, а со активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од РК Еурофарм Пелистер.

Спортската сала се подготвува за Лига на шампиони, нов паркинг и соблекувални
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови





