Press "Enter" to skip to content

4. ретро журка “Орфеј“ на 29 јули во “Расчекор“ во Битола

За носталгичарите и љубителите на диско музиката организаторите ја најавија 4. по ред ретро журка “Орфеј“ – влез само парови, која ќе се одржи на 29 јули во ноќниот клув “Расчекор“ во Битола, како велат поради големиот интерес, посетеноста и атмосферата на претходните три.

Како и со претхпдните три, така и со оваа најновата 4. по ред полека но сигурно ОРФЕЈ ретро журка преминува во културна традиција на Битола, а веќе има резервации од странство, љубители на журки како што беше и претходниот пат.

За тоа кој ќе му прави друштво на диско пултот на Николче Терзиевски кој беше дел и од претходните забави, организаторите наскоро ќе објават, како и подетални информации за “ОРФЕЈ“ ретро журка број 4.