Press "Enter" to skip to content

Димитар Трајковски: се шириме, “2Spicy4You“ нова кафетерија во Новиот пазар со ист концепт (фотогалерија)

-Отворена кафетрија “2Spicy4You 2“ во Новиот пазар Битола, пет вкусови  свежо печено, мелено турско кафе варено на песок, со локум

-Концептот ист, повразување на ултра модерни европски текови за вкусови кафе, чај… со егзотиката на Ориентот, за сладокусците и љубителите на кафе.

-Кафе + салеп = отоманско кафе, кафе со вкус на фстак, лешник, бадем, како и свежо печено, мелено турско кафе на песок, односно песокот го вари кафето. -“Кафето треба да биде црно како ѓавол, жешко како песок во Сахара, чисто како ангел, слатко како љубов” се вели, а  Димитар Трајковски, сопственик на “2Spicy4You 2“ низ разговорот на интересен начин ни ги објасни шмекот на уживање во приготвувањето и пиење на различни видови кафе со вкус на ориент, но и повеќе видови на италијански кафиња… Потоа хербални, овошни чаеви, салеп кои се служат или може да се купат на грамажа во кафетериите “2Spicy4You“ 1 и 2  (првиот во Старата битолска шаршија и новоотворената кафетерија во Новиот пазар Битола).-“2Spicy4You“ е единствена кафетерија во Битола каде можете да  пиете турско кафе, отоманско кафе, салеп приготвени на песок. хербални и овошни чаеви, мирудии од земјите на ориентот… (15 април, 2023), вака пишуваваме во објавата за отварање на оваа прва кафетерија во Битола. Сега проширување  “2Spicy4You“2 на нова локација. Кажете повеќе…-Уште при првиот разговор навестив изненадување за отворање на “2Spicy4You“ кафетерии и на други локации низ Битола. Ја прошируваме дејноста, што значи продолжуваме со воспоставување на уште поблизок контакт со нашите граѓани и муштерии на нашите дуќани. Белам дуќани бидејќи сега имаме втор дуќан. Концептот ист повразување на ултра модерни европски текови за вкусови кафе, чај… со егзотиката на Ориентот во  кафетеријата 2Spicy4You“ во Старата битолска чаршија предизвика голем интерес и внимание. Денес сабота, 17 јуни, отвараме втор дуќан од оваа дејност, со нови добавувачи и уште повисок квалитет на кафе, чаеви, мирудии. Би сакал да преминеме во цел ланец, не само Битола туку и регионот. Еве сега со “2Spicy4You 2“ во Новиот пазар Битола, на атрактивна локација, претходно беше фризерско студио “LTD“ Битола.Што има ново во “2Spicy4You 2“ новоотворената кафетерија во Нов пазар Битола?-Продолжуваме со експанзија. Во овој дуќан имаме новини. Набавивме машина за печење на кафе со капацитет 15 кгр кафе, таа овозможува на секои 1 час да излегуваат 45 кгр свежо печено кафе, кое понатаму ќе се меша со различни вкусови и ќе се мели по 1оо-200 грама, значи свежо. Бидејќи само така го има единствениот вкус. Во  “2Spicy4You 2“, може да вкусите кафе во кое покрај основните додатоци робуста и наут се меша со различни вкусови фстак, бадем, лешник. Отоманското  кафе мешано турско кафе со салеп. Варено на песок, односно песокот го вари кафето, бавно.. Се добива неповторлив  вкус… Се служи со локум. Значи единствено тука ќе може да се набави, купи или пие кафе со 5 различни вкусови. Ќе нагласам дека има голема разлика од свежо печено и мелено кафе,  од она кое се купува пакувано и стои на рафтови на пример.Што нуди “2Spicy4You 2“ на стaрите и н новите муштерии?-Во “2Spicy4You 2“ ќе може да пиете и квалитени ииталијански кафиња: еспресо, макијато, капучино… Тука би кажал и збор два за нашите чаеви и мирудии. Од видови чаеви има хербални, овошни кои се природни со различни вкусови. Овошните чаеви ја  имаат природна засладеност и не мора да се става шеќер. Имаат предобар вкус. Тука се и  ментол кристали за настинка и синуси. Нудиме зачини за компир, риба кои зачинуваат, но не се солени. Посетете не,во Новиот пазар макар и  на кафе муабет.Додека го правевме разговорот и фотографиите уживаваме во вкусовите и мирисите на Ориентот, кафето бавно се вареше на  песокот… Слушавме музика од ретро транзистор во ретро амбиент… Пиењето кафе секогаш е добар изговор за интересен разговор од кој ќе научиме и нешто ново, но и дружење.

Жанета Ристевска  

PR photography: Дамијана Ристевска